1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН ја обвинуваат Сирија за воени злосторства

ОН ја обвинуваат Сирија за масовно кршење на човековите права. САД, ЕУ и Арапската лига и натаму бараат режимот во Дамаск итно да прекине со насилствата врз демонстрантите.

default

Сирискиот претседател Башар ел Асад

Обединетите нации ја обвинија Сирија, дека при крвавото задушување на опозицијата сторила злосторства против човештвото. Истражната комисија во извештајот објавен во Женева изразува „голема загриженост“ за ситуацијата во земјата. Извештајот се потпира врз изјави на повеќе од 230 жртви на насилството или сведоци на местата каде биле извршени повреди на човековите права, меѓу нив цивили и дезертери на сириските сили за безбедност. Тие ги обвинуваат армијата и силите за безбедност, меѓу другото, за измачување и масовни убиства.

Комитетот за човекови права на ОН побара од владата на претседателот Башар ел Асад веднаш да ги запре нападите и да спроведе независна истрага. Освен ова на Комисијата би морала „неодложно и без проблеми“ да и’ се овозможи влез во Сирија.

САД и Европската унија ја повикаа сириската Влада во заедничко соопштение веднаш да им стави крај на насилствата врз демонстрантите, кои протестираат против режимот на претседателот Башар ал Асад. САД и ЕУ веќе воведоа санкции кон режимот на Дамаск поради насилството врз демонстрантите, а Арапската лига одлучи да воведе и строги казнени мерки против режимот на Асад.

Од почетокот на протестите против претседателот Асад во март годинава, според проценките на ОН се убиени 3.500 лица.

Автор: АТ/ дв/ миа

Редактор: Горан Чутаноски