1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН усвои декларација за заштита на правата на домородците

*

Генералното собрание на ОН донесе декларација за поголема заштита на правата на домородците во светот. Станува збор за 370 милиони луѓе кои со декларацијата добиваат поголема заштита, како право на самоопределба, земја и ресурси. Декларацијата ја поддржаа 143 земји. Против гласаа Канада, САД, Австралија и Нов Зеланд. На усвојувањето на документот му претходеше дваесет годишна дебата.