1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН сметаат на раст на бројот на бегалците во светот

Во наредните години бројот на бегалци и внатрешно раселени лица во светот значително ќе порасне. Причини се војните, конфликтите но и климатските промени, сметаат во ОН.

Во најновиот извештај на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бехалци, УНХЦР, се наведува дека во моментов во светот има околу 43 милиони бегалци. Од нив 26 милиони се внатрешно раселени лица а останатите побарале азил во странски држави и со години остануваат таму. Според извештајот на УНХЦР бројот на луѓето, кои мигрираат во рамки на границите на своите земји или бараат засолништа во странство ќе продолжи значително да се зголемува.

Главни причини за зголемување на бројот на бегалците се економските проблеми, климатските услови и вооружените конфликти. Врз миграцијата влијание имаат и недостигот на вода за пиење, конкуренцијата при искористувањето на природните ресурси и зголемувањето на населението, нагласи на пресконференција во Њујорк високиот комесар на ОН за бегалци, Антониу Гутереш.

Светот побрзо генерира преселување, отколку што генерира решенија, истакна Гутереш.

Тој рече дека ќе се зголеми и бројот на лицата, кои ќе бидат принудени да живеат во емиграција, без да имаат можност да се интегрираат во земјите, каде бараат азил или да се вратат во сопствените држави.

„ Глобалната миграција е всушност меѓународен проблем и затоа тој има потреба од меѓународно решение, пред се политичко“, нагласи Гутерeш.

Тој додаде дека главна задача на Високиот комесаријат за бегалци е да обезбедува хуманитарна помош, а не да бара политичко решение за олеснување на судбината на тие лица.