1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН: Сирија на „Листата на срамот“

ОН за првпат ја ставија Сирија на листата земји каде децата се убивани во вооружени конфликти, сексуално се напаѓани и се регрутирани.

Најмалку 30 лица, меѓу кои и деца, се убиени утрово во Сирија при стрелба во регион во источниот дел на земјата, соопштија опозициски активисти. Во исто време, ОН објавија нов извештај, во кој ги обвинуваат сириските војници дека користат деца како човечки штит.

Гранати паднаа во делови од провинцијата Деир ал Зур, по протестите во текот на ноќта, кои го осудуваа масакрот и убиството на деца од страна на сириските војници во земјата. Активисти поставија на своите веб сајтови снимки коишто прикажуваат жени кои плачат над телата на децата.

Во новиот извештај на ОН за децата во вооружени конфликти се вели дека сириски деца на возраст од осум години се жртва на убиства и осакатувања, апсења, измачувања и сексуално насилство, и се користени како човечки штит.
Според организации за заштита на човековите права, 1.200 деца биле убиени од почетокот на востанието против претседателот Башар ал-Асад во март 2011 година. Иран во меѓувреме соопшти дека само дијалог меѓу завојуваните фракции во Сирија може да го прекине конфликтот.

Инаку, нови на „Листата на срамот“ се Јемен и Судан, соопшти специјалниот пратеник на ОН за деца и вооружени конфликти. Во извештајот на ОН се наведуваат 32 држави во кои најмалку пет години се извршува државно насилство врз деца.