1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН се подготвуваат за масовно бегство на Сиријци

Обединетите нации ги забрзуваат подготовките за евентуално масовно бегство на Сиријците од земјата.

Досега засолниште во соседните земји како Турција или Јордан побараа околу 100.000 луѓе, изјави новоименуваниот координатор на ОН за прашања на сириските бегалци Панос Мумцис за агенцијата Ројтерс. „Секојдневно регистрираме се‘ поголем број луѓе кои се обидуваат да ја минат границата, што значи нивниот број ќе се зголемува“, рече Мумцис, кој престојуваше неколку дена во регионот.

Обединетите нации во меѓувреме предупредуваат од масовно бегство, што би го зголемило бројот на бегалци на над 200.000. Затоа, според координаторот на Светската организација, сега е неопходно финансиската помош да се зголеми за да држи чекор со растечките потреби.

Syrien Türkei Grenze

Стотици бегалци секојдневно ја преминуваат границата кон Турција

„Во Јордан, каде бев два дена, секојдневно од Сирија доаѓаат по околу 150 луѓе. Во Либан бројот е помал, можеби десет до петнаесет семејства дневно. Во Турција, пак, за три дена колку што престојував таму, од Сирија дојдоа околу 1.500 луѓе“, изјави Мумцис.

Тој предупредува дека соседните земи на Сирија не треба да се преоптоваруваат. „По одредено време, подготвеноста за пружање помош попушта дури и кога се има најдобра желба да се помогне“, предупредува координаторот на ОН. Во Јордан и Либан бегалците најчесто се прибираат во приватни домови, додека во Турција се веќе создадени десет собирни центри со шатори.