ОН сакаат поголема контрола врз трговијата со оружје | Свет | DW | 02.07.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН сакаат поголема контрола врз трговијата со оружје

Во Њујорк денеска (02.07.2012) започнуваат преговорите на земјите-членки на ОН за договорот за контрола на трговијата со конвенционално оружје во светот.

Оружје не би требало да се продава во кризни и конфликтни региони. Извоз на оружје не би смеело да се дозволи ако со тоа би можеле да бидат повредени човековите права или загрозената борбата против сиромаштијата. Овие таканаречени „златни правила“ за кои  на конференцијата која денеска (02.07) започнува во Њујорк а ќе трае до крајот на месецов ќе разговараат претставниците на 193 земји-членки на ОН би требале да бидат основа за договорот за контрола на трговијата со оружје. Но и најдобрите правила се функционални само кога се спроведуваат. На тоа укажува и Катарина Шпис од геманската секција на Амнести интернешнл:„ Придржувањето до ’златните правила’ мора да го надлгедуваат поединечни земји,односно како земјите извознички така и оние кои увезуваат оружје, но и земјите кои се инволвирани во трансферот на оружје“. 

Германија очекува обврзувачки договор

Амнести интернешнл бара во договорот да биде назначено и воведување санкции против оние држави кои не се придржуваат до договорените правила. Катарина Шпис за тоа вели: „Тоа значи дека договорот мора да се спроведува на ниво на самите национални држави и земјите мора да се придржуваат до правилото за кривично гонење на оние кои ја прекршуваат забраната за трговија со оружје.

Германија по САД и Русија е трет најголеми извозник на оружје во светот и тоа се удел од 11 насто во вкупната глобална трговија со оружје , при што три четвртини од од тој извоз отпаѓа на партнерските земји од НАТО.

„Германија на конференцијата во Њујорк ќе се заложи за ефикасен правно обврзувачки и спроведлив договор за трговија на оружје“, изјави за ДВ државната секретарка во германското министерство за надворешни работи Корнелија Пипер.

Низа спорни прашања

 До крајот на јули во Њујорк на дневен ред ќе се најдат низа спорни прашања , вели Симоне Визоцки од Фондацијата а истражување на мирот и конфликтите на германската покраина Хесен.

„Спорно е дали со договорот треба да биде опфатени лесното вооружување и муницијата, па дури и цел арсенал оружја кои спаѓаат во таканаречената ’технологија за дуална употреба’“.

Преговорите за постигнување на договорот ги отежнуваат петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН кои инсистираат на тоа дека трговијата со оружје е суверено право на секоја земја. Кина посебно се противи на тоа во преговорите да биде вклучена и компонентата за човековите права. До договор може да дојде само со консензус. Предвидено е преговорите да траат четири недели. Сепак Симоне Визоцки стравува дека тоа не е доволно време. „ Ако се покаже дека договорот поради правилото за консензус биде многу разводнет за да не биде вреден ниту за хартијата на која е отпечатен, западните земји не би требало да го поддржат, гласи нејзиниот апел.