1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН - повторно без резолуција за Грузија

Советот за безбедност на ОН повторно остана поделен при донесувањето резолуција за конфликтот во Кавказ. Западните земји на една страна, Русија, која го блокира донесувањето, на друга страна.

default

Совет за безбедност - неединствен за конфликтот во Кавказ

Русија во Советот за безбедност на ОН одново го блокираше донесувањето резолуција за кавкаскиот конфликт. Русија нема да се согласи со ваква резолуција, изјави рускиот амбасадор во Њујорк, Витали Чуркин. Францускиот предлог резолуција не се базира на мировниот план од шест точки, кој беше претходно договорен, изјави тој во образложението.

Франција во името на ЕУ во Советот за безбедност на ОН достави нов предлог, кој беше поддржан и од САД. Во него се потенцира приврзеноста на членките на Советот кон„суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Грузија во рамките на меѓународно признатите граници.“

Чуркин објасни дека според Москва потребно е експлицитно споменување на шесте принципи содржани во мировниот договор потпишан во Москва и во Тбилиси, а во резолуцијата се споменати само два, повлекување на руската и на грузиската војска.