1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН планираат испраќање мировни трупи во Сирија

Планираниот прекин на огнот во Сирија пред претстојниот исламски празник е се‘ поневеројатен, но ОН и натаму работат на сценарио за таков случај.

И покрај заострените фронтови, ОН се подготвуваат за евентуална мировна мисија во Сирија. ОН размислуваат за испраќање мировни трупи во Сирија, доколку таму дојде до прекин на огнот. Раководителот на Мисијата на сините шлемови на ОН Херве Ладсус во Њујорк потврди дека се работи на планови за ваков ангажман, но изјави дека е прерано да се детализира бројноста на трупите, за кои соодветен мандат мора да дадат ОН. Највисокото тело на Светската организација, Советот за безбедност, меѓутоа, се‘ уште е поделен во врска со Сирија. Вето-силите Русија и Кина и натаму спречуваат донесување резолуции и санкции против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, Лакдар Брахими, во моментов е ангажиран со водење разговори со владата и опозицијата во Сирија заради постигнување прекин на огнот за време на исламскиот празник идната недела. Надежта за молк на оружјето е сепак мала, изјави и заменикот претседавач со Арапската лига, Ахмед Бен Хили за агенцијата Ројтерс. Сириското раководство на чело со претседателот Асад не е многу заинтересирано за примирје.