1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН одобрија воена мисија во Мали

Советот за безбедност на ОН едногласно одобри испраќање воени трупи во Република Мали. Резолуцијата ја ограничува мисијата на една година. Мировните трупи трeба да ја поддржуваат преодната влада во заштитата на цивилите.

Советот за безбедност на ОН едногласно одобри воена мисија во Република Мали. Мисијата АФИСМА под африканско водство засега е ограничена на една година. Предвидено е трупите на Западноафриканската економска заедница ЕКОВАС да можат воено да интервенираат против исламистичките бунтовници во северниот дел од Мали. Но, пред овие трупи да започнат борба против бунтовниците блиски на терористичката организација Ал Каеда, треба да бидат преземeни обиди за мирно и политичко решавање на конфликтот. Во резолуцијата истовремено се повикува владата во Бомако да започне политички преговори заради целосно повторно воспоставување на уставен поредок. За таа цел во април 2013 година треба да бидат одржани парламентарни и претседателски избори.

Мировните трупи трeба да ја поддржуваат преодната влада во заштитата на цивилите.

По воениот пуч во март, изведен заедно со бунтовниците од племето Туарег, милитантните исламисти го држат под контрола северниот дел на Мали. Исламистите во меѓувреме ги протераа Туарезите од најважните градови, прогласувајќи таму важење на исламското, шeријатското право.