1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН одат во Судан

Судан се согласи во кризната провинција Дарфур да бидат стационирани трупи кои ќе им дадат поддршка на војниците на Африканската унија кои се веќе во регионот. Во Дарфур треба да бидат распоредени три илјади војници на ОН и хеликоптери. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ја поздрави одлуката на суданската влада и говори за многу позитивен знак.

Бегалци од Дарфур

Бегалци од Дарфур

Со решението да не се спротивставува на распоредувањето на шест хеликоптери и три илјади војници на ОН, владата во Картум попушти пред меѓународниот притисок. Колку бргу ќе биде спроведено распоредувањето на трупите за поддршка на војниците на Африканската унија кои се веќе во Дарфур, зависи од решението во Њујорк. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, разговараше со шефот на силите на Африканската унија, Алфа Омар Конаре и со пратеникот на ОН за Судан, Јан Елијасон, по што замина на конференцијата на Советот за безбедност посветена на мировната мисија во Дарфур. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по разговорите што вчера ги водеше со Бан, изрази оптимизам околу проширувањето на мировната мисија во Дарфур, но истовремено стави јасно до знаење дека ЕУ во случај на противење на Картум може да разговара за воведување санкции и независно од ОН.

О-ТОН

”Ако не се потврди она што денеска се покажа, ако суданската влада не излезе пресрет на барањата на меѓународната заедница, тогаш ние во Европа мора да дискутираме за тоа дали заедно со ОН или независно од нив ќе договориме поостри мерки за притисок.”

ОН и Судан, во ноември, минатата година, се договорија за тристепен план за поддршка на малата и слабо вооружена мисија на Африканската унија во Дарфур. Според тој план, бројот на војниците треба да се зголеми на 20 илјади. Во регионот на западен Судан, во изминатите четири години загинаа најмалку 200 илјади луѓе, а протерани беа 2,5 милиони.