1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН не можат да достават доволно храна во Сирија

Еден милион Сиријци не можат да добијат помош во храна поради граѓанската војна што беснее во земјата. Патот до луѓето на кои им е потребна помош не е слободен ниту за хуманитарните работници.

Светската програма за храна денеска соопшти дека нема да биде во можност да обезбеди помош за околу милион Сиријци кои се соочуваат со глад. Оваа агенција на ОН има намера да им помогне на 1,5 милиони од вкупно 2,5 милиони Сиријци, на кои според проценките на сириската Црвена полумесечина им е потребна храна, изјави портпаролката на Светската програма за храна Елизабет Бирс. Речиси 90 проценти од луѓето кои ги снабдува Светската програма со храна се внатрешно раселени лица.

Недоволната безбедност и невозможноста за доставата да се користи сириското пристаниште Тартус значи дека преостанатите милион луѓе во некои од најтешко погодените делови на земјата нема да добијат помош, додаде Бирс.

World Food Programme Logo

Според нејзините зборови, главниот партнер на организацијата Црвена полумесечина, Црвениот крст, толку многу е присутен во Сирија што повеќе нема капацитети за ширење на операцијата.

Бирс изјави дека Светската програма за храна привремено го повлече својот персонал од канцелариите во сириските градови Хомс, Алепо, Тартус и Квамисли поради се’ поголеми безбедносни ризици во тие области.

Меѓутоа оваа агенција во декември 2012. упсеа после многу месеци да допре до некои тешко пристапни области крај границата со Турција, истакна Елизабет Бирс.

Сириската криза почна во март 2011. година со мирни демонстрации против владата во Дамаск, кои беа инспирирани од слични протести во Тунис и Египет познати како„Арапска пролет“. Демонстрациите прераснаа во насилни судири, а потоа и во граѓанска војна. Според најновите проценки на ОН во конфликтот до сега погинаа најмалку 60.000 луѓе.