1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ОН не инсистираат на временска рамка за спорот за името

По подолго време за Македонија во Њујорк разговарале генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и неговиот специјален посредник во спорот околу името, Метју Нимиц.

default

Посредникот на ОН Метју Нимиц

За разлика од Европската унија, која ги повика Скопје и Атина да го решат спорот околу името до јуни годинава, Обединетите нации нема да инсистираат на временска рамка за постигнување договор. Ова, за Дојче веле го изјави гласноговорникот на генералниот секретар на ОН, Мартин Незирски.

Тој потврди дека посредникот Нимиц во Њујорк се состана со генералниот секретар Бан Ки-мун на категорично барање на првиот човек на Светската организација. „За нас е најважно да се оствари таков договор, кој во себе ќе содржи компромис. Таков договор во исто време треба да биде прифатлив за двете страни. Не сакаме да поставуваме никакви рокови, туку сакаме да работиме со двете страни и со заинтересираните партнери. Сакаме да постигнеме договор, со кој ќе може да се работи”, појасни Незирски.

Инаку, според информациите од ОН, Метју Нимиц не се состанал со генералниот секретар Бан Ки-мун од минатата година. Но, во централата на Обединетите нации во Њујорк инсистираат, дека Бан „редовно е известуван за преговорите околу името, преку политичкиот оддел на ОН”. Закажаната средба во кабинетот на генералниот секретар беше можност, Нимиц уште еднаш да го презентира и предлогот во врска со името „Република Северна Македонија”, за кое веќе подолго се шпекулира во дипломатските кругови и во медиумите. Но, Незирски не се изјасни конкретно за

UN Vermittler Matthew Nimetz und mazedonischer Botschafter Zoran Jolevski in Skopje, Mazedonien

Посредникот Нимиц и амбасадорот Јолевски

тоа. Тој одбегна и да ја коментира можноста за организирање на референдум во Македонија, ако медијаторот Нимиц, при наредната посета на Скопје навистина го извади ова име од својот дипломатски багаж.

Во исто време, во Вашингтон, еден од помошниците на државниот секретар на САД, Хиллари Клинтон, Стјуарт Џонс во интервју за Дојче веле изјави, дека е време Македонија да ги реализира своите евро-атлански амбиции: „Сакаме да ги охрабриме двете страни да го искористат ова време што им стои на располагање, и да се обидат да најдат солуција, за да го завршат овој долгогодишен спор, и Македонија да го заземе своето вистинско место во Европската унија”, изјави, Џонс. И овој висок дипломат на Стејт Департментот инсистираше двете страни да се заложат за компромис.

Нов застој или напредок?

Од своја страна, грчкиот новинар Апостолис Зупанотис, кој повеќе од 16 години во Обединетите нации ги следи сите дипломатски активности околу овој меѓудржавен спор, меѓутоа смета дека сигналите од Њујорк и од Вашингтон, донекаде се контрапродуктивни, бидејќи не се прецизираат роковите, ниту пак се помага околу преферирање на понудените предлози:

„Но, ако понуденото име, Република Северна Македонија, биде прифатено ‘ерга омнес’ – за сите намени и за сите форуми, мислам, дека Грција овојпат со задоволство ќе го прифати предлогот. Ако не, ќе имаме нов застој можеби за многу години“. Проблемот е, појаснува Зупанотис, и во тоа што, „никој не се грижи за македонските евро-аспирации, а Грција најмалку”. Имено, Атина, нема да побара од Нимиц да ги запре преговорите, ако пропадне и оваа рунда. Преседан, меѓутоа може да се случи, тврди нашиот соговорник, ако Европската комисија и Меѓународниот суд за правда, преземат нешто на своја рака во врска со тоа.

Автор: Ерол Авдовиќ

Редактор: Александра Трајковска