1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН: Најмалку пет напади со хемиско оружје во Сирија

Според извештајот на експертскиот тим на ОН, со кој раководеше шведскиот професор Оке Селстром, во Сирија „веројатно е употребено“ хемиско оружје на пет до седум испитани локации.

Во извештајот кој генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го поднесе пред Генералното собрание во Њујорк, се наведуваат „веродостојни потврди“ и „докази кои се во согласност со веројатната употреба на хемиското оружје“ за локации во Гута од 21 август, Кан ел-Асал на 19 март, Џобар на 24 август, Саракеб на 29 април и Ашафрија-Сахнај на 25 август.

Тимот, меѓутоа, не можел и со докази да ја потврди употребата на хемиско оружје во Бахарија на 22 август и Шеик Максуд на 13 април. Во двата случаи се гаѓани војници, а во третиот војници и цивили. Во извештајот не се наведува дали за наведените напади се одговорни владини или бунтовничките сили. Сирискиот претседател Башар ал Асад по нападот во Гута, во близина на Дамаск, им дозволи на меѓународните инспектори да започнат со уништување на хемиското оружје на сириската Влада, врз основа на американско- рускиот договор.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за резултатите од истражувањето в понеделник треба да ги извести членовите на Советот за безбедност на ОН.

Поврзана содржина