1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН: Насилството во Сирија е неприфатливо

Бројот на загинати во напад на владините сили врз градот Хула се зголеми за 90 лица. Арапската телевизија Ал Арабија објави дека руски брод со оружје плови кон Сирија.

Bombenanschlag in Deir Al-Zour Syrien

Опозицијата тврди дека во нападот загинале и 25 деца

Бројката на загинати ја објави опозициска група, која тврди дека нападот се случил во центарот на провинцијата Хомс. Меѓу загинатите наводно 25 се деца. Во нападите на Хула и околните села биле повредени 100 лица. Сириските опозиционери тврдат дека силите на Башар ал-Асад отвориле оган од тешко вооружување, користејќи тенкови и минофрлачи.

Во исто време, арапската телевизија Ал Арабија објави дека руски брод натоварен со оружје плови кон Сирија и во текот на викендов би требал да пристигне во сириското пристаниште Тартус. Според Ал Арабија, бродот испловил од Русија на 6-ти мај и се движи „на сомнителен начин обидувајќи се да ја сокрие својата крајна дестинација“.

Информацијата за западни медиуми ја потврдиле и неименувани дипломати во седиштето на ОН во Њујорк, кои изјавиле дека веста на Ал Арабија е веродостојна.

Belgien EU UN Generalsekretär Ban Ki-moon in Brüssel

Бан Ки Мун повторно ја критикува сириската влада за продолжувањето на насилството

Изворите во ОН тврдат дека станува збор за бродот „Професот Кацман“, кој плови под знамето на Малта, но е во сопственост на кипарска фирма која, пак, е сопственост на руска компанија.

Генералниот секретар на ОБ Бан Ки Мун изјави дека во Сирија секој ден е присутно „неприфатливо ниво на насилство и злоупотреби“, со што се крши мировниот план на ОН и најголемата вина за таквата состојба и’ ја препиша на сириската влада.

ОН минатата недела соопштија дека од избивањето на конфликтот во Сирија загинале најмалку 9.000 лица.

Поврзана содржина