1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН - Косово

Состојбата на Косово ќе биде тема и на денешната затворена седница на Советот за безбедност на ОН. На неа ќе биде разгледан извештајот на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер за работата на цивилната администрација во последните три месеци. Според најавите, нема да стане збор за предлогот на специјалниот преставник на ОН за статусот на покраината Марти Ахтисари, кој минатата недела предлог документот му го достави на генералниот секретар на светската организација, Бан Ки Мун.

Русија на викендот побара продолжување на преговорите за статусот на Косово, кои би се одвивале со посредство на нов специјален преставник на ОН. Официјален Белград го поздрави предлогот на Русија.