1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН – Косово

Мисијата на Советот за безбедност на ОН денеска во Белград ќе води разговори со претставници на српските власти околу нивното расположение по прашањето на идниот статус на Косово. 15-члената делегација ја предводи белгискиот амсабадор во ОН, Јохан Вербеке. Делагцијата на ОН потоа треба да отпатува во Приштина. За денеска на граничниот премин Јариње е закажно собирање на раселените лица од Косово кои на мисијата на ОН сакаат да и покажат дека имаат желба да се вратат во покраината, но дека враќањето не им е овозможено и по цели осум години откако ОН ја презедоа контролата во покраината. Мисијата во сабота ќе замине за Виена, каде со Марти Ахтисари ќе разговара за она што го водела на терен. За Косово,инаку, треба да разговараат и шефовите на дипломатии на земјите членки на НАТО, на нивната средба во Осло.