1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН – Косово

Мисијата на Советот за безбедност на ОН денеска во Белград се сретна со премиерот на Србија, Воислав Коштуница. Како што соопшти неговиот советник Слободан Самарџиќ, Коштуница ја запознал делегацијата со, како што изјави, вистинска состојба на Косово и со предлогот на Белград за идниот статус на покраината. 15-члената делегација ја предводи белгискиот амсабадор во ОН, Јохан Вербеке. Делегацијата треба да патува за Приштина. Денеска на граничниот премин Јариње во тек е собир на раселените лица од Косово кои на мисијата на ОН сакаат да и покажат дека имаат желба да се вратат во покраината, но дека враќањето не им е овозможено и по цели осум години откако ОН ја презедоа контролата во покраината.