1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН - Косово

Советот за безбедност на ОН денеска ќе ги разгледа резултатите од посетата на специјалната мисија на Косово и Белград која се спроведе во рамките на планот на Марти Ахтисари. На состанокот Русија планира да ги претсави своите предлози со кои се предвидува продолжување на дијалогот.

Инаку албанскиот премиер Сали Бериша, по средбата со премиерот на Косово Агим Чеку синоќа во Тирана изјави дека незавинсота на Косово е неопходен услов за стабилност во регионот. Чеку од своја страна очекува нова резолуција на Советот за безбедност и брзо определување на конечниот статус.