1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН – клима

Во тајландскиот главен град, Банкок, стотина експерти на ОН за клима разговараат за начините на кои би можела да се спречи климатска катастрофа на земјата. Меѓу предлозите на експертите е и точно определување на процентите на намалување на количествата на издувни гасови. Освен тоа, научниците се залагаат за обновливи енергии. Со оглед на тоа што со препораките на експертите треба да се согласат околу 150 влади во светот, набљудувачите проценуваат дека преговорите ќе бидат тешки и долги. Во петок во Банкок треба да биде објавен третиот и последен дел од Светскиот извештај за климата.