1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН – клима

Европската комисија по објавувањето на третиот дел од Светскиот извештај за климата предупреди да не се градат нови термоцентрали во Германија. Јагленот не е добар избор, поради огромните количества издувни гасови, изјави евро-комесарот за екологија, Ставрос Димас. Според него, Германија мора и натаму да ја надградува својата водечка улога во заштитата на климата. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, од меѓународната заедница побара брзо да се дејствува. Новиот извештај за промените на климата покажа дека промените можат да бидат помали. Германскиот министер за екологија, Зигмар Габриел, ја критикуваше препораката на Светскиот совет за климата за зголемување на уделот на атомската енергија во светот. Габриел укажа на опасноста диктаторите да ја користат нуклеарната енергија за производство на атомско оружје.