1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ОН-како натаму во спорот околу Иран

Во спорот околу иранската атомска програма нема ниту еден центиметар напредок.Во Советот за безбедност се наоѓа предлог-резолуцијата која овозможува санкции,но не постои согласност за него.

Џон Болтон

Џон Болтон

И по дополнителните преговори на викендот,Советот за безбедност на ОН е поделен.Бродот сеуште не стигна до целта,како што рече американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон.Затоа тој инсистира на натамошни подготовки:

-Нашата работа долу во машинскиот простор е да ја завршиме резолуцијата,за да може тие на командниот мост да гледаат нанапред.

На повторната средба вето-силите САД,Русија,Кина Велика Британија и Франција,заедно со Германија,најпосле треба да најдат формулација за резолуцијата.Тоа мора да биде таква која ќе го ограничува Иран,а со која ќе се согласат и Кина и Русија,вели Болтон:

-Ние бараме патишта за важна резолуција која ќе ја прифатат сите членки на Советот за безбедност и која ќе испрати важен сигнал кон Иран.

Важен,но без закана за санкции,таков треба да биде текстот,вели рускиот нов претставник во ОН Витали Чуркин.Како и кинеското раководство,така и руското одбива резолуција која ќе се повика на седмото поглавие од Повелбата,кој би овозможил економски,но и воени санкции.А токму таков е британско францускиот предлог.

Фронтовите се значи јасни-санкциите или дури и воен напад за Русија и за Кина не се пат по кој би се решил спорот со Иран.Наспроти нив стои западниот блок ,во кој спаѓа и германската канцеларка Ангела Меркел:

-ЕУ-Германија,Франција,Велика Британија,презедоа голема одговорност во целиот однос кон Иран.Ние сме цврсто решени ,а тоа го велам и за американската страна,као и за германската,да настапиме заеднички.

Но,патот по кој тргнала четворката,сеуште е ќорсокак.Зашто,Кина и Русија во збогатувањето ураниум не гледаат прекршок од Иран против договорот за ограничување на атомското оружје и никаква закана за меѓународниот мир и безбедност.Тие меѓутоа бараат поголема транспарентност и контрола од владата во Техеран.

Германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Жак Ширак вчера повторно побараа запирање на иранската атомска програма преку резолуција.Но,Иран има право да ја користи атомската технологија во цивилни цели исто како и Бразил,кој на викендот започна со збогатување ураниум.А дека Иран е на пат да создаде атомска бомба,некои земји сеуште не се убедени.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан е уверен дека тој пат е уште многу долг.Тој решението за спорот го гледа настрана од Советот за безбедност,бара директни разговори на САД со Иран:

-Ние мораме да приложиме нешто на преговарачката маса,на Техеран да му понудиме технологија,можеби безбедносни гаранции.Би било добро кога САД би седнале на маса,заедно со Европејците,Русите и Иранците.