1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН и натаму бараат решение за Сирија

Во напорите да се усогласат ставовите за резолуција за Сирија во ОН не е на повидок компромис. И покрај мнозинската поддршка за европско-арапската предлог резолуција, Русија, и натаму го отфрла планот.

На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН Мароко предложи резолуција која воглавно го содржи заклучокот на Арапската лига од минатата недела, односно се бараат политички реформи и прекин на насилството (од март мината година досега животот го загубија повеќе од 5600 луѓе). Меѓутоа овој предлог за Москва пречекорува повеќе „црвени линии“ рече рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин вчера во Њујорк. Кон ова се вбројуваат сите укажувања на санкции и ембарго за оружје. „Мора да се концентрираме за изградба на политички дијалог“, смета Чуркин. Британскиот амбасадорт во ОН Лијал Грант напротив нагласува дека во текстот на предлог резолуцијата, кој се базира на препораките на Арапската лигам, не се споменуваат санкции и ембарго за оружје. Сакаме  едногласна резолуција’ потенцираше Грант. Воедно предлог резолуцијата има широка поддршка кај другите членки на Советот за безбедност на ОН.

Како вето сила Москва може да нaдгласа и силно мнозинство. Овој чекор веќе го стори заедно со Кина на почетокот на октомври мината година, кога беше блокирана европската предлог резолуција за Сирија.

Автор: АТ/ дв/дпад

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина