1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН: Итно потребна помош за луѓето во Сирија

Над еден милион луѓе имаат потреба од хуманитарна помош во Сирија, објави портпарол на ОН. Продолжува бранот бегалци од оваа во соседните земји.

Проценката на потребата од хуманитарна помош е направена од страна на мисијата за скенирање на ситуацијата во Сирија, која заврши на 26. март. На луѓето во Сирија им се неопходни пред се‘ храна, засолништа и медицинска помош, гласи заклучокот на ОН и Организацијата за исламска соработка кои учествуваа во проверката која беше под контрола на сириската влада.

Експертите од ОН пристигнаа во Сирија на 16. март и посетиле реони контролирани од опозицијата. Пристапот до некои зони не бил овозможен поради небезбедност и недостиг од време.

Околу три илјади Сиријци пребегале во Јордан во изминатите три дена, јавија пак западни медиуми, повикувајќи се на локална хуманитарна организација. Досега се регистрирани околу 20 илјади бегалци од соседна Сирија. Јорданските власти претходно соопштија за околу 80 илјади Сиријци кои пребегале во Јордан од почетокот на протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад пред повеќе од една година.