1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН – Иран

Иранскиот претесдател Махмуд Ахмадинеџад најверојатно ќе добие можност да ја брани спорната атомска програма на неговата земја директно пред Советот за безбедност на ОН. Актуелниот претседавач со Советот, Думисани Кумало од Јужна Африка, оцени дека нема никави задршки во однос на учеството на Ахмадинеџад на седницата на Советот во Њујорк, на која ќе се расправа за нови санкции против владата во Техеран. Петте сили со право на вето и Германија претходно постигнаа согласност околу нова резолуција за Иран, во која на земјата и‘ се закануваат натамошни санкции. Причина е одбивањето на официјален Техеран да престане со збогатувањето ураниум, кој освен за цивилни цели може да се користи и за производство на атомска бомба.