1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН-Иран

И покрај санкциите воведени од страна на Советот за безбедност, Иран има намера да ја продолжи својата нуклеарна програма. Запирањето на процесот на облагородување ураниум ниту е опција, ни решение, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Манухер Мотаки. Советот за безбедност синоќа во Вашингтон едногласно ја усвои одлуката за воведување нови санкции врз Иран. Резолуцијата, која ја предложија Франција, Велика Британија и Германија предвидува замрзнување на банкарските сметки на 13 компании, ембарго на испораката на оружје од земјата и визни ограничување за сите лица кои се поврзани со процесот на облагородување ураниум. Советот за безбедност го повикува Техеран на нови преговори. Доколку Иран во наредните 60 денови не го запре нуклеарниот процес советот за безбедност ќе ја разгледува можноста за проширување на санкциите.