1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН-Иран

И покрај санкциите воведени од страна на Советот за безбедност, Иран има намера да ја продолжи својата нуклеарна програма. Запирањето на процесот на облагородување ураниум ниту е опција, ни решение, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Манухер Мотаки. Високиот преставник на ЕУ Хавиер Солана изјави дека уште вечерва ќе стапи во контакт со иранскиот преговарач Али Лариџани од кого ќе побара Иран преговоара. Резолуцијата на советот за безбедност предвидува замрзнување на банкарските сметки на 13 компании, ембарго на испораката на оружје од земјата и визни ограничување за сите лица кои се поврзани со процесот на облагородување ураниум.