1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН: Има докази дека кај Дамаск бил употребен сарин

Според проценките на инспекторите на ОН, во нападот на 21 август кај Дамаск, бил употребен нервниот гас сарин, јави агенцијата АФП.

Во извештајот на инспекторите на ОН кој денеска (16.09) ќе го разгледа Советот за безбедност на ОН се вели дека има „јасни и уверлви“ докази оти во нападот од 21 август, што се случи кај Дамаск, бил користен сарин, јави агенцијата АФП. Како носечки систем, според инспекторите на ОН, биле користени ракети земја-земја.

Според американски наводи, во нападот што се случи во близина на сирискиот главен град загинале повеќе од 1400 луѓе. Извештајот на експертите на ОН е важен за натамошните разговори во Советот за безбедност околу руската иницијатива за уништување на сириското хемиско оружје. Инспекторите на ОН, сепак, немаат мандат да трагаат по одговорот за тоа кој е одговорен за хемискиот напад.

Саринот е еден од најопасните бојни отрови. Тој нема боја, нема мирис, ниту вкус и предизвикува смрт уште во дози од само половина милиграм.