1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН - изградба на подобар свет

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара потсетување на основните приниципи на организацијата која промовира глобална толеранција, дијалог и мир.

Мисијата на Обединетите нации е да изгради подобар свет, изјави синоќа генералниот секретар на Светската организација по повод 24 октомври, Денот на ОН. Бан Ки Мун истакна дека целиот свет треба да се обедини во име на заедничкото добро и почитување на универзалната Декларација за човекови права. Бан Ки Мун побара потсетување на основните приниципи на организацијата која промовира глобална толеранција, дијалог и мир.

ОН годинава одбележуваат 67 години од постоењето, а од 1948. година, 24 октомври е прогласен за Ден на ОН. Генералното собрание на ОН во 1971. година предложи државите-членки Денот на ОН да го одбележуваат и како официјален празник.

По повод Денот на ОН вечерва во Генералното собрание ќе се одржи празничен концерт насловен „Порака за мир“.
Централно место во програмата за одбележување на 24 октомври - Денот на ОН ќе има пејачот Стиви Вондер. Тој во 2009. година беше избран за пратеник на мирот на ОН.
Покрај Вондер ќе настапат и Стинг, Пол Сајмон и други рок и поп ѕвезди.
Концертот во живо ќе може да се следи на официјалната интернет-страница на ОН webtv.un.org, а во февруари ќе се емитува и на музичките телевизии.