1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН: Жените и децата смеат да го напуштат Хомс

На сириската конференција е постигнат првиот конкретен резултат: луѓето од Хомс, кој со месеци е арена на жестоки борби меѓу трупите на претседателот Асад и бунтовниците, можат да се надеваат на подобрување.

Денеска во Женева продолжуваат преговорите меѓу претставниците на сирискиот режим и на бунтовниците со цел да се постигне решение во тригодишниот конфликт во земјата. Вчера беше постигнат првиот конкретен успех. Сирискиот режим вчера се согласи да им дозволи на жените и децата да заминат од подрачјата кои се под контрола на бунтовниците во градот Хомс, централна Сирија, но се опколени од силите на сирискиот режим, изјави специјалниот претставник на ОН и на Арапската лига Лахдар Брахими.

„Хуманитарниот конвој е подготвен да замине за Хомс и има надеж дека ќе стигне до градот утре (27.01.2014, н.з.). Вооружените групи, кои дејствуваат во градот гарантираат дека нема да го нападнат конвојот“, посочи Брахими. Први напредоци се јавени и во врска со размената на заробеници. Сириската влада побарала од опозицијата да ѝ предаде листа со опозиционери кои се наоѓаат во рацете на вооружени групи, лојални на владата. Опозицијата бара освен тоа и ослободување на околу 1300 малолетни затвореници и околу илјада жени.

Делегациите на сириската Влада и на опозицијата ги продолжуваат завчера почнатите преговори во Женева. Брахими потенцира дека главна цел на дводневните разговори во Женева се „мерките за изградба на доверба“ кои треба да создадат позитивна атмосфера пред тешките политички разговори, што ќе продолжат денеска.