1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ОН: До 2030. струја за сите

Во земјите во развој само секој десетти жител има пристап до електрична енергија. Сега ОН сакаат со струја да ја снабдат целата планета, и тоа по можност со енергија од обновливи извори.

Според податоците на ОН, во одредени држави во светот само 10% од населението има струја. Состојба која светската организација сака да ја измени за 15 години. ОН заедно со Светска банка почнаа кампања за електрификација на земјите во развој. Амбициозната цел гласи - до 2030 година сите луѓе на светот треба да имаат струја. Притоа по можност - енергија од обновливи извори, вели генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

„Побарувачката на енергија се зголемува, а со тоа растат и шансите“, изјави Бан на презентацијата на иницијативата „Обновлива енергија за сите“ во Њујрок. Тој додаде дека за да се спроведат плановите, околу иницијативата треба да се обединат владите, меѓународните организации и приватната економија. Претседателот на Светска Банка, Џим Јонг Ким, изјави дека за реализација на целта ќе бидат неопходни инвестиции од 440 до 590 милијарди евра годишно. Првите резултати треба да бидат презентирани веќе догодина, затоа што Светска Банка веќе работи на планови за електрификација во 42 земји.