1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН: Докази за употреба на хемиско оружје во Сирија

Дали завојуваните страни во Сирија употребиле хемиско оружје или не? Постојат многу индиции и уште повеќе обвинувања и закани со санкции. Сега истражна комисија на ОН го поднесе извештајот на оваа тема.

Постојат индиции дека двете страни во сирискиот конфликт „можеби користеле хемиско оружје“, се вели во извештајот на Обединетите нации, објавен денеска. Во извештајот се забележува дека има основа да се верува оти во четири ситуации во текот на март и април годинава во Сирија било користено хемиско оружје, но се признава дека истражната комисија на ОН не може сосема прецизно да утврди дали и какви хемиски супстанци се користени.

Комисијата на ОН и во овој извештај бара од властите во Дамаск да дозволат експертски тимови на Светската организација да отидат во Сирија за да ги испитаат сите овие тврдења.

UN Konferenz Syrien chemische Waffen Chemiewaffen Genf Paulo Pinheiro

Пауло Пењеиро е на чело на Комисијата на ОН за истражување на употребата хемиско оружје во Сирија

Комисијата посочува дека владините сили во неколку наврати користеле „ограничени количества отровни хемикалии“ во реонот на Алепо, како и во провинцијата Идлиб и во околните реони на Дамаск на 19 март, како и на 13 и 19 април. Експертската група под раководство на бразилскиот дипломат Пауло Пињеиро, пак, вели дека нема информации за тоа кога и каде сириските бунтовници користиле хемиско оружје. Комисијата својот извештај го базира на испитувањата во периодот од 15 јануари до мај оваа година, извршени преку 430 интервјуа. Меѓу другото, биле испрашувани бегалци и медицински персонал.

Според комисијата, Сирија е зафатена со ново ниво на насилство и од двете страни, што е доволно за нивно оквалификување како воени или злосторстава против човештвото.

Владата и бунтовниците во Сирија меѓусебно се обвинуваат за употреба на отровен гас. Американскиот претседател Барак Обама го предупреди сирискиот претседател Башар ал-Асад дека со употребата на хемиско оружје во граѓанската војна би била премината „црвената линија“.