1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН вршат увид во воениот арсенал од под шеќерните вреќи

Пред еден месеци кај Панамскиот канал беше стопиран севернокорејски товарен брод на кој беше откриено застарено оружје. Инспектори на ОН сега вршат увид во тајната пратка од Куба.

Инспектори на Обединетите нации од денеска (13.08.) го проверуваат севернокорејскиот товарен брод (на насловната фотографија), кој пред четири недели беше стопиран кај Панамскиот канал. Бродот носеше оружје од Куба за Северна Кореја и беше запрен во пристаништето Манцанило на влезот на Панамскиот канал.

Panama Nordkorea Verkehr Schiff Chong Chon Gang im Panamakanal festgehalten

Под вреќите со шеќер беше пронајдеен воен арсенал

Под вреќите со шеќер, кој ги превезуваше товарниот брод, инспекторите пронајдоа воен арсенал: два системи за противвоздушна одбрана, делови за ракети, два авиона од типот МиГ-21 и 15 погонски механизми за џетови, сето застарена воена технологија од Советско време. Владата во Хавана соопшти сека материјалот требало да биде поправен во Северна Кореја и потоа би требало да биде пратен назад кон Куба. Експертите се сомневаат, дали може да му се верува на ова објаснување на кубанската влада.

Испораката од Куба кон Северна Кореја е тешко кршење на санкциите на ОН против Пјонгјанг. Резолуцијата на ОН имено забранува испорака на оружје за Северна Кореја. Исто така резолуцијата забранува и размена на техника и на услуги во воената област со осиромашената земја, која сака да се презентира како атомска сила.