1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН вршат масовна вакцинација во Сирија

Откако изби Детска парализа во Сирија, Обединетите нации започнаа широка кампања за вакцинација во оваа земја погодена од граѓанската војна, како и во шeст други земји во регионот.

Во Сирија се веќе вакцинирани 650.000 деца против полио-вирусот, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ во Женева. 116.000 од нив живееле во борбената област Дери ал Сур на североистокот на земјата. Планирано е да се вакцинират вкупно 20 милиони деца.

Според податоци на ОН во изминатите две години во Сирија не биле вакцинирани половина милион деца против оваа висока заразна болест. Полио-вирусот го напаѓа нервниот систем и во рок од неколу часови може да предизвика парализа на телото или смрт.

Детската парализа, се пренесува преку контаминирана храна или вода. Во октомври СЗО потврди повеќе случаи на оваа болест кај децата во Сирија, каде што овој полио-вирус не беше појавен 14 години. Детската парализа лесно се пренесува од лице на лице и брзо се шири меѓу децата, особено во нехигиенски услови во какви што сега живеат милиони луѓе во Сирија, која 34 месеци е зафатена со војна, но и во преполните бегалски кампови во соседните земји.