1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН бара стопирање на насилствотот во Дарфур

*

Учесниците на конференцијата на ОН побараа од Судан, да ја поддржи планираната мировна мисија во Дарфур. Истовремено министрите за надворешни работи на 26 земји апелираа до бунтовничките групи во Дарфур да учествуваат на мировните преговори на крајот на октомври во Либија. Кој ќе се спротивстави ќе мора да смета на санкции. Со мировните трупи треба да се спречат убиствата во Драфур. Досега во кризиниот регион се присутни само неколку илјади слабо вооружени војници на Африканската унија.