1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН бараат 30 отсто жени во политиката

ОН се залагаат за тоа во политиката и во парламентите во светот да има најмалку 30 проценти жени.

default

Жените се најчести жртви на сиромаштијата и воените злостори

Учесниците на форумот на ОН во Њујорк на оваа тема, нагласија дека доколку оваа квота не биде исполнета не може да се зборува за вистинска застапеност на жените во политиката. Во светот досега само 28 земји, од околу 200, имаат соодветна застапеност на жените, меѓу нив и Германија. Во германскиот парламент околу 33% од пратениците се жени.

„Во делот на рамноправноста на жените е направено многу, но тоа се‘ уште не е завршена задача“, изјави американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон. Претседателката на Бразил, Дилма Русеф, изјави дека жените страдаат најмногу од сиромаштија, болести и војни. „Ваквата феминизација на сиромаштијата не можам да ја прифатам“, рече Русеф.

Во заклучокот од средбата на политичарките од цел свет, се бара „поголемо учество на жените, зашто е тоа фундаментално за демократијата, одржливиот развој и мирот“.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/дпа

Редактор: Борис Георгиевски