1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН бараат итен прекин на насилството во Либија

Советот за безбедност на ОН, во Њујорк не можеше да ги усогласи ставовите околу евентуалната зона на забранети летови над Либија со цел заштита на населението во земјата од воздушни напади на силите лојални на Гадафи.

default

Силите на Гадафи со нападите од воздух стекнуваат надмоќ над бунтовниците

Специјалниот пратеник на ОН за Либија, Абдул Илаб Катиб се заложи за итен прекин на насилството врз бунтовниците во земјата. На средбата со либискиот министер за надворешни работи Муса Куса во Триполи, Катиб го повтори барањето дека режимот на Гадафи мора да им овозможи неограничен пристап до цивилите. Куса од своја страна уверил дека Триполи ќе соработува со истражната комисија на Советот за човекови права на ОН, поради сомневањата за злосторства против човештвото.

Weltsicherheitsrat verurteilt Nordkorea

Советот за безбедност на ОН и натаму неединствен

И натаму нема единство за зоната за забранети летови

Обвинувањата во прва линија се однесуваат за ангажманот на копнените трупи и военото воздухопловство против цивилите. За заштита на бунтовнитиците и цивилите од воздушните единици лојални на либискиот властодржец Моамер ел Гадафи во моментов се води и меѓународна дискусија за воведување на зона за забрана на летови. Советот за безбедност на ОН, на синоќешната седница не можеше да ги усогласи ставовите. Франција и Велика Британија, како и Арапската лига се залагаат за ваква мерка, додека Германија е скептична, а Русија критикува. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека се‘ уште има нерешени основни прашања за практичната примена на ваква забрана.

Автор:АТ/СН/афп

Редактор: Симе Недевски