1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН бараат Дамаск да направи прв чекор

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун упати итен апел до Сирија да се откаже од употребата на тешко вооружување против цивилите.

Бан Ки Мун овој апел го упатил при разговорот во Њујорк со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем, кој пак ветил дека оваа порака ќе му ја пренесе на раководството во Дамаск, соопшти заменикот на Генералниот секретар на ОН, Јан Елиасон.

Според мислењето на Обединетите Нации, првиот чекор за запирање на насилството мора да потекне од сириската влада, а потоа мора да следува сличен чекор од страна на опозицијата, истакна Елијасон.

Ова би ги зголемило шансите да дојде до придвижување на политичко ниво. Покрај тоа, Елијасон најави дека меѓународниот специјален пратеник за Сирија, Лакдар Брахими, од наредната недела ќе започне да работи од Каиро.

Schwere Gefechte in Aleppo

Бројот на убиени лица во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на Асад, надмина 31 илјада

Бројот на убиени лица во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар ал-Асад, пред повеќе од една и пол година, во меѓувреме надминал 31 илјада.

Шефот на Сирискиот центар за набљудување на човековите права, сместен во Лондон, Рами Абдел Рахман, сооопшти дека од почетокот на конфликтот, кон средината на март минатата година, загинале над 22.200 цивили, приближно 7.600 војници и околу 1.200 дезертери.

Само во септември во Сирија се убиени 4.727 лица, што е сепак помалку отколку во текот на август, кој се води како најсмртоносниот месец од почетокот на бунтот.