1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ОН:Буш бара поддршка во Ирак;Анан порачува-никој не е над законот

На генералната дебата на 59 Собрание на ОН американскиот претседател Џорџ Буш побара од меѓународната заедница поголема поддршка за од војната разнишаниот Ирак и повика на заеднички напори во антитерористичката борба.Генералниот секретар на ОН Кофи Анан за приоритети ги смета зајакнувањето на меѓународното право и почитувањето на човековите права

default

Американскиот претседател Џорџ Буш се потруди во својот говор да ги покаже истоветностите меѓу принципите на ОН и својата влада,борбата за човекови права и против тероризмот.Вртењето на погледот не е решение кога се работи за терористите,а самите закани се недоволни,изјави Буш алудирајќи на резолуциите на Советот за безбедност за Ирак и со тоа одново бранејќи ја војната.Авганистан и Ирак се примери за успехот на оваа политика,и покрај сите проблеми:

-Овие тешкотии нема да го разнишаат нашето убедување дека Авганистан и Ирак имаат иднина во слобода.Реакциите на тешкотиите нема да не одвратат и да не натераат на повлекување,туку на продолжување.

Тој ги повика ОН на поголем ангажман во Ирак:

-ОН и нивните членки би морале да излезат во пресрет на молбата од премиерот Алави и да направат повеќе за изградба на посигурен,демократски,федерален и слободен Ирак.

Правото мора да завладее повторно во светот,беше пак апелот на генералниот секретар на ОН Кофи Анан.Меѓународното и човековите права секогаш односно се газат со нозе,дали во Судан или во Беслан.

Заканите за националниот суверенитет не се никакво извинување за погазување на правото.

Иако Анан не се изјасни директно,беше јасно дека неговите предупредувачки зборови целат и на владата во Вашингтон:

-Секоја земја која зборува за почитување на човековите права дома,мора да ги респектира и во странство,и обратно.Владеењето на правоот почнува пред сопствената врата,изјави Анан.