1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Она: Незадоволство има, вооружени формации нема

Има ли во Македонија повторно паравоени формации, некаква возобновена ОНА, како што би можело да се заклучи од коминикето објавено во неделата и оружјето што полицијата го заплени пред тоа?

default

Дали зад запленетото оружје се крие нешто покрупно?

Незадоволство кај поранешните припадници на ОНА и кај позначаен дел од населението од албанскиот етникум има, движења на вооружени поединци или организирани формации нема, според инфорамциите добиени директно од некогашните припадници на ОНА.

Бесим Хода, раководителот на „Здружението на воените ветерани на ОНА“ во Тетово, вели:

„Секогаш сме изјавувале дека решавањето на проблемите со пушка е најпримитивниот метод. Во 2001 - вата година ние бевме принудени да го земеме оружјето в рака. Засега на теренот нема ништо, не се случува ништо. Шовинистичката политика на владата на Никола Груевски им отвора простор на одредени групации и на други начини да го изразат своето незадоволство. Ние ќе ги користиме засега и натаму демократските методи: во тие рамки ќе биде и нашиот протест пред Владата на 10 -ти мај во Скопје.“

Нема клима за конфликт

Абедин Зимбери, претседателот на „Здружението на поранешните борци на ОНА - Карадак“, кое го опфаќа скопско - кумановскиот регион, изнесува за Дојче веле:

„Јас лично не сум, видел униформирани лица, но, постои лоша ситуација и загриженост воопшто кај граѓаните од Карадачкиот реон, бидејќи секојдневно се создава несигурност кај нив.“

Tetovo,eine Stadt in Mazedonien,Panorama

Тетово

Садула Дураку, градоначалникот на селската општина Липково во Кумановско, изјавува:

„Во Липково нема движења на вооружени лица, ситуацијата е редовна и мирна, граѓаните не забележале движења на лица со оружје. ’ОНА’ е всушност демобилизирана уште во 2001 - та година. Луѓето се навистина незадоволни поради нецелосното спроведување на Охридскиот договор, но кај населението не постои клима да се повтори конфликтот од 2001 година.“

Инциденти може да има

Воено - политичкиот аналитичар и пензиониран генерал - полковник Тодор Атанасовски за Дојче веле искажа слична процена на состојбата:

„Секогаш има можност за инциденти. Инциденти може да има, но посериозна дестабилизација на Македонија не е можна, иако политиката, политичките формации, кои се на власт, понекогаш создаваат антагонизми на меѓуетнички план.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Жана Ацеска