1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт под засилен притисок

Притисокот за оставка на израелскиот премиер Ехуд Олмерт се засилува. За попладнево низ улиците на Тел Авив се закажани протести, а во Кнесетот во тек е жестока дебата по извештајот за одлуките кои Олмерт ги носел за време на војната во Либан. Олмерт засега одбива да се повлече од функцијата иако на такво нешто повикаа и високи преставници од неговата партија Кадима, меѓу нив и шефот на дипломатијата Ципи Ливни.