1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Олмерт подготвен за разговори со Абас

Во говорот пред американскиот конгрес во Вашингтон Олмерт нагласи дека Израел е согласен за преговори но единствено под услови кои гарантираат безбедност за земјата.

Ехуд Олмерт

Ехуд Олмерт

Израелскиот премиер нагласи дека палестинската власт предводена од Хамас мора да се откаже од тероризмот, да ја разбие терористичката инфраструктура и да го признае правото на постоење на Израел:

„Визијата на Ариел Шарон ме предводи во мојата тработа, од тука на подиумот, му подавам рака во мир на Махмуд Абас, избраниот претседател на палестинската управа„ рече Олмерт

„ Ние народот во Израел со болка научивме да ја промениме нашата перспектива. Мораме да направиме компромис во името на мирот, да се откажеме од делови од ветената земја, во која секој рид или долина е посеан со еврејска историја. Каде се погребани нашите херои. Мораме да се откажеме од дел од нашиот сон, за да оставиме простор за сонот на другите, за сите ние да уживаме подобра иднина„

Инаку израелскиот премиер уште вчера по разговорите со американскиот претседател Џорџ Буш изрази подготвеност за средба со Махмуд Абас. Во обраќањето пред преставниците на двата дома на конгресот Ехуд Олмерт ја поздрави поддршката од страна на САД за кои смета дека се клучен играч во решавањето на блискоисточниот мировен процес. Во меѓувреме агенциите јавуваат дека двете спротивставени страни, Фатах и Хамас во Рамалах одржуваат кризни разговори за надминување на проблемот кој се заканува да ескалира. Премиерот Исмаил Ханија според информациите ќе остане во градот Газа а на таканаречениот национален дијалог ќе учествува по пат на видеоврска.