1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт-подготвеност за разговори со Палестинците

*

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт во разговорот со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун сигнализираше подготвеност за отстапки кон новата палестинска влада. Можни се олеснувања на патувањата за Западен Јордан и ослободување на околу 400 милиони долари од палестинските даночни приходи,изјави тој. Олмерт изрази надеж дека новиот палестински кабинет без радикално исламскиот Хамас ќе биде сериозен партнер во напорите за мир на Блискиот исток.