1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт – оставка

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт, по критиките што на негова сметка ги даде истражната комисија задолжена да преиспита дали биле донесени погрешни решенија од страна на одговорните за време на војната во Либан, ја губи поддршката во сопствените редови. Според медиумски извештаи, министерката за надворешни работи, Ципи Ливни, побарала од Олмерт да се повлече од функцијата. Претходно оставка поднесе министерот без ресор Еитан Кабел. Тој изјави дека не може веќе да работи во влада раководена од Олмерт. Опозицијата од Олмерт уште еднаш побара оставка. За утре во Тел Авив се закажани големи демонстрации.

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт изјави дека и покрај острите критики на истражната комисија негова оставка сепак не би била препорачлива.