Олмерт – оставка | Вести | DW | 02.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт – оставка

И покрај растечкиот притисок поради неговите грешки во војната во Либан,израелскиот премиер Ехуд Олмерт одбива да поднесе оставка.

На седницата на кабинетот тој изјави дека неговата влада е одговорна за грешките,но и за тоа нив да ги исправи.Истовремено Олмерт побара решителност и единственост од својата партија.Меѓу Олмерт и министерката за надворешни работи Ципи Ливни очигледно се заканува борба за моќ.

Според медиумски извештаи, таа побарала од Олмерт да се повлече од функцијата. Претходно оставка поднесе министерот без ресор Еитан Кабел. Тој изјави дека не може веќе да работи во влада раководена од Олмерт. Опозицијата од Олмерт уште еднаш побара оставка. За утре во Тел Авив се закажани големи демонстрации.