1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Олмерт: „Ова е неизбежна операција“

Израелската армија денеска напредува во Појасот Газа, откако синоќа започна копнена операција во оваа палестинска област раководена од радикално-исламистичката група Хамас. Конфликтот на Блискиот Исток ескалира.

default

Израелски пешадиски единици напредуваат во Појасот Газа

Израелските тенкови веќе стигнале до градот Газа, кадешто водат жестоки борби со милитантните Палестинци. Од северниот дел на Појасот Газа , од местата Беит Лахија, Беит Ханун и Џамалија се јавува за жестоки судири меѓу израелските сили и палестинските борци.

Палестинското население во Газа- најголема жртва

Според болнички извештаи само во борбите во Беит Лахија од израелските тенковски гранати загинале најмалку 12 Палестинци.

Israel greift Hamas an Freies Format

Жестоки експлозии одекнуваа во Појасот Газа во текот на целата ноќ

„ Палестинците кои живеат во предградијата Беит Лахија и Беит Ханун, избегаа од своите домови и заминаа во места во Појасот Газа каде што се чуствуваат побезбедни, кај роднини, кај познаници и т.н“, изјави соработникот на германската телевизија АРД во Газа, Фавас Абу Сита.

На почетокот на денешната седница на израелската влада , премиерот Ехуд Олмерт говореше за копнената офанзива во Газа. Тој на родителите на израелските војници кои учествуваат во операцијата им порача:

„Утре можам на секој од вас да му погледнам в очи и да му кажам дека владата стори се’, пред да донесе одлука за оваа офанзива. Ова е неизбежна офанзива“, рече Олмерт.

Нема да биде лесно и кратко

Претходно израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак истакна дека целта на офанзивата е да се принуди Хамас да ги запре непријателските активности против Израел, односно да им се стави крај на секојдневните ракетни напади врз јужниот дел на Израел.

„ Ние не сме гладни за војна , но повторувам, ние нема да доззволиме ситуација во која нашите градови, села и цивили постојано се цел на ракетните напади на Хамас.Ова нема да биде лесна и кратка операција, но ние сме решителни“, порача Барак.

Gaza Angriff Israel 2009

Палестински пожарникар се обидува да се справи со пожарот во една зграда по израелскиот ракетен напад

Израелската војска претходно објави дека досега во судирите биле повредени најмалку 30 војници и оти операцијата на копнените трупи е фокусирана пред се на уништување на ракетните лансирни рампи во северниот дел на Појасот Газа. Хамас во меѓувреме соопшти дека заробил двајца израелски војници. Армијата на Израел меѓутоа ја демантираше оваа информација истакнувајќи дека нема добиено извештаи за исчезнување на нејзини војници.

Во Њујорк,Советот за безбедност на ОН не можеше да постигне согласност за усвојување на заедничка резолуција околу ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Имено, САД имале задршки во однос на нацрт-резолуцијата предложена од страна на Либија, во која се бара итен прекин на огнот во регионот. Вашингтон сака да се издејствува одржлив и ефикасен прекин на огнот, со кој ќе биде спречено и Хамас да продолжи да испукува ракети врз израелска територија, порача американскиот амбасадор во ОН Алехандро Волф. Тој како и многу други политичари во светот порача:

„Ги повикуваме Израелците да сторат се’ што е можно да ги заштитат цивилите. Треба да се прави разлика меѓу палестинскиот народ и припадниците на Хамас во Појасот Газа“, истакна Волф.



DW.COM