1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Олмерт: нема прекин на огнот во следните денови

Израелските трупи водат жестоки копнени борби со припадниците на Хезболах во Јужен Либан, откако Тел Авив даде зелено светло за проширување на копнената офанзива и навлегување подлабоко на либанска територија. Нема прекин на огнот во следниве денови, објави израелскиот премиер Олмерт.

Се зајакнува копненанта офанзива

Се зајакнува копненанта офанзива

Одлуката без ниту еден глас против ја донесе Кабинетот за безбедност во Тел Авив. Израел започна со прибирање на поголем дел од резервниот состав на војската. Израелското радио јави дека најверојатно ќе бидат повикани три дивизии односно 15 000 резервисти. Тие ќе бидат дел од трупите планирани да навлезат подлабоко на територијата на Либан. Еден неименуван израелски политичар соопштил дека планираат да го притиснат Хезболах дури до 20 километри северно од границата, за да ослободат простор за меѓународните мировници кои е планирано да се стационираат во граничната област. И покрај апелите и притисокот од меѓународната заедница за прекин на огнот, и најавата на американскиот државен секретар Рајс дека е можно примирје до крајот на неделава, израелскиот премиер Ехуд Олмерт вчера беше категоричен.

„Борбите продолжуваат. Нема да има никакво примирје во следните денови“.

И министерот за одбрана Амир Перец потврди дека и покрај 48 часовниот прекин на воздушните напади офанзивата продолжува

„Израелската армија ќе ја продолжи и засили воената акција против Хезболах. Веќе сега гледаме успех од тоа што им ги уништивме дел од ракетните фрлачи на Хезболах и ќе продолжиме со тоа. Можам веќе сега да му соопштам на Кнесетот дека сме уништиле поголем дел од ракетите со долг дострел на Хезболах“.

Агенциите јавуваат дека изралески авиони утрово го гранатирале градот Ал Хермил на североистокот на Либан во близина на сириската граница. Синоќа пак бил гранатиран и граничниот премин кон Сирија при што биле ранети четворица либански цариници и тројца камионџии. Официјалното објаснување од Тел Авив е дека оваа акција била насочена кон спречување на трансфер на оружје за Хезболах. Поради ова Сирија и нареди на армијата да биде во состојба на зголемена готовност.

Во меѓувреме селото Кана се подготвува за масовен погреб на загинатите во неделниот напад,кој однесе 60 животи. Официјално во конфликтот досега загинале над 600 лица на двете страни.