1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт најавува повлекување од Западен Јордан

*

Израел ќе мора да се повлече од многу подрачја на Западен Јордан, за да се поттикне блискоисточниот мировен процес, смета премиерот Ехуд Олмерт. Кој мисли дека Израел ќе може да ги задржи сите територии, не живее со реалноста, рече Олмерт. Новиот палестински кабинет, поставен од претседателот Махмуд Абас, Олмерт го означи како “репрезентативна влада” со која Израел може да преговара.