1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт најавува нови напади против Хамас

По ракетен напад на милитантни Палестинци врз израелска територија од повредите почина еден жител на градот Здерот. Ракета директно го погодила неговиот автомобил во движење во центарот на градот. Уште еден Израелец е полесно повреден. Врз градот, во кој во понеделникот исто така настрада една жена, овој -пат паднале четири ракети.

Претходно израелското воздухопловство повторно нападна цели во појасот на Газа, при што имаше повеќе жртви. Израелскиот премиер Ехид Олмерт најави во кабинетот дека ќе продолжат воените напади против радикално-исламистичката организација на Палестинците Хамас.

Претставници на Хамас и на поумерената организација Фатах отпатуваа за Египет, кој повторно посредува во внатрепалестинската борба за превласт.