1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Олмерт во САД

Новиот изралески премиер Ехуд Олмерт денеска во прва посета на САД на разговори со претседателот Џорџ Буш. Иако се вели дека ќе послужи само за запознавање, на тапет е и таканаречениот конвергентен план за западниот брег окупиран од Израелците со кој треба да се цементираат границите на идната палестинска држава.

Израелскиот премиер Олмерт во Вашингтон ќе го изложи својот план за границите

Израелскиот премиер Олмерт во Вашингтон ќе го изложи својот план за границите

Планот на Олмерт предвидува преселување на околу 60 илјади еврејски доселеници од западниот брег за да се обезбеди простор за евентуаланата идна палестинска држава, а истовремено да се консолидираат израелските граници. Арапски политичари, меѓу нив и јорданскиот крал кој има влијание во Вашингтон, го критикуваа овој план зашто на Палестинците им обезбедува распарчена територија што нема да биде способна за економски опстанок. Поранешниот египетски министер за надворешни работи Ахмед Махер оценува:

„Ако се спроведе овој план, ќе биде невозможно формирањето независна палестинска држава„.

Претседателот Буш кој во основа поддржува решение со две држави, мора да страхува дека планот на Олмерт, ако биде еднострано спроведен, може да биде оценет како израелско одземање територија. Поради бојкотот на владата на Хамас, како единствен преговарач од палестинска страна е претседателот Махмуд Абас. Сејмур Рајх од Израелскиот политичи форум во Вашингтон:

„Сите гледаме дека слабее позицијата на Абас и дека не би бил во состојба да води успешни прегвоори, но сите овде веруваат дека мора да се направи обид. Мислам дека за тоа е подготвен и Олмерт„.

За палестинскиот политичар Јасер Абед Рабо преговорите би биле единствениот начин да се засили позицијата на Абас:

„За нас ќе биде се потешко. Ние сме умерени кои велат сакаме преговори и преговарачко решение. Меѓутоа, во меѓувреме луѓето по улиците ни се смеат и велат:вие сте за прегвоори, кои преговори„?

Критичарите му префрлуваат на претседателот Џорџ Буш дека поради проблемите со Ирак и Иран го запостави блискоистичното прашање.