1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт бара посилна контрола од ОН

*

По ракетните напади од Либан,израелскиот премиер Ехуд Олмерт побара засилени контроли на ОН на јужнолибанското гранично подрачје.Мировните сили на ОН ,УНИФИЛ,стационирани во Либан и либанската армија треба да спречат натамошни напади врз Израел,изјави Олмерт во разговорот со генералниот секретар на Светската организација Бан Кин Мун.

Тој за нападите обвини една палестинска група.Вчера две ракети беа истрелани во местото Кириат Шамона,при што се предизвикани само материјални штети.

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт во разговорот со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун сигнализираше и подготвеност за отстапки кон новата палестинска влада.Тој се надева дека кабинетот без радикално исламскиот Хамас ќе биде сериозен партнер во напорите за мир на Блискиот исток.